18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо даде еврогол и доби црвен, а „кралевите“ ја нокаутираа Барса (видео)

Роналдо даде еврогол и доби црвен, а „кралевите“ ја нокаутираа Барса (видео)

Реал Мадрид ја совлада Барселона во првото сезонско „Ел Калсико“ и се наоѓа на чекор до освојувањето на шпанскиот Суперкуп. Реал на „Камп Ноу“ победи со 3:1, а натпреварот го заврши со играч помалку поради црвениот картон кој го доби Кристијано Роналдо.

Победата со која Реал се приближи до освојувањето на вториот трофеј сезоната, мина во сенка на исклучувањето на Кристијано Роналдо кој слично како и во Скопје против Манчестер Јунајтед, натпреварот го започна како резерва, а во игра влезе во 58.минута.

Португалецот постигна гол во 80.минута, а потоа во рок од една минути доби два жолти картони поради што мораше да ја напушти играта.

„Не сакам да се мешам во судиските одлуки, но ме изнервира одлуката на судијата кога му го додели вториот жолт картон. Можеби не беше пенал, но да му покажете картон само поради тоа што падна мислам дека е тендециозно“, рекол Зидан по мечот.

„Ние сепак не можеме да ја смениме судиската одлука. Задоволни сме од резултатот, но сеуште ништо не е готово, не чека и реваншот. Уживавме и со нетрпение го очекуваме реваншот в среда“, дополнил тренерот на Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП