21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул: Фелипе Кутињо не е на продажба!

Ливерпул: Фелипе Кутињо не е на продажба!

Фудбалскиот клуб Ливерпул соопшти дека Фелипе Кутињо не е на продажба и дека нема да го напушти „Енфилд“ во летниот преоден рок.

Барселона имаше голема желба да го донесе Бразилецот во своите редови како замена за Нејмар, но Ливерпул одби две понуди на каталонскиот гигант.

„Дефинитивен став на клубот е дека нема да разгледува никакви понуди за Кутињо и дека тој ќе остане член на Ливерпул и кога ќе заврши преодниот рок“, се наведува во краткото клупско соопштение.

Кутињо во Ливерпул пристигна во 2013 година од Интер за 13 милиони евра, а во јануари годинава потпиша нов петгодишен договор. н.ц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП