2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ Скопје се засили со Трајковски и Маслинко

МЗТ Скопје се засили со Трајковски и Маслинко

Бојан Трајковски и Андреј Маслинко се нови играчи на македонскиот шампион МЗТ, објави клубот на својата интернет-страница.

Трајковски минатата сезона настапуваше за Карпош Соколи, а претходно има играно и за Балкан стил, Работнички, Фени индустри, Торус, Лирија, Куманово, како и за полскиот Чарни Слупск и косовска Приштина.

Маслинко доаѓа од таборот на Работнички, а има настапувано и за италијанскиот младински тим Стела Азура.

Претходно, во МЗТ пристигнаа повратниците Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, Американецот Ерик Гарсија, како и талентираните Михајло Митев и Ранко Мамузиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП