Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека трансферот на Нејмар во ПСЖ за 222 милионa евра треба да биде предупредувачки за Барселона бидејќи откупната клаузула на Лео Меси е 300 милиони евра.
„Едноставно е, досега такво нешто изгледаше невозможно, но сега кога ќе ја видите листата со клаузули, ќе видите „Лео Меси – 300 милиони“ и тоа дејствува многу пореално отколку што беше пред еден месец. Тоа порано беше нестварна бројка, ја истресле од ракав, во стилот: „Кој би платил 300 милиони“, а сега бевме сведоци дека такво нешто се случи“, рекол германскиот тренер.
Трансферот на Нејмар крена голема прашина, а Барселона и Ла Лига се заканија дека ќе го тужат ПСЖ поради кршење на правилата од финансискиот ферплеј и веќе надлежните во УЕФА започнале да размислуваат за нови регулативи за трансферите.
„Наједноставно решение би било правилото – во кој правец да се движиме и кога сето ова би требало да престане. Најголемите клубови тоа може да го решат, да решат каде би била границата – 150 милиони или 550 милиони, тогаш никој нема да се жали“, дополнил Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, чии клуб в сабота во Вотфорд ја започнува новата сезона во Премиерлигата