3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШаповалов го остави Надал без првото место

Шаповалов го остави Надал без првото место

Денис Шаповалов, кој на АТП листата се наоѓа на 143. место, направи сензација во осминафиналето, на Мастерс турнирот во Монтреал, откако во три сета го елиминира Шпанецот Рафаел Надал.

Осумнаесетгодишниот Канаѓанец, кој е роден во Тел Авив, во голема борба и три часа тенис успеа да слави над фаворизираниот Шпанец со 3:6, 6:4, 7:6.

Шаповалов ја продолжи сензационалната серија во Монтреал откако ден претходно успеа да слави над Хуан Мартин дел Потро.

Надал со овој пораз ја пропушти шансата во Монтреал, по три години, повторно да биде светски број 1. За првото место на АТП листата Надал во Монтреал требаше да стигне најмалку до полуфиналето.

Сепак, шпанскиот тенисер ќе има уште една можност да го освои првото место наредната недела кога на програмата е Мастерсот во Синсинати, бидејќи и на овој турнир нема да игра Енди Мареј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП