4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоло Туре објави крај на кариерата

Коло Туре објави крај на кариерата

Некогашниот репрезентативец на Брегот на Слонова коска, Коло Туре, потврди дека ја заврши професионалната кариера.

Иако замина во пензија, поранешниот играч на Арсенал, Манчестер Сити, Селтик и Ливерпул ќе остане во фудбалот. Тој ќе работи како тренер во стручниот штаб на олимписката репрезентација на Брегот на Слонова коска.

Коло Туре во кариерата два пати ја освоил Премиер лигата, со Арсенал и Манчестер Сити, а има и титула во првенството на Шкотска.

Со националниот тим беше шампион на Африка во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП