3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарка: Мбапе кариерата нема да ја продолжи во Реал Мадрид, туку во...

Марка: Мбапе кариерата нема да ја продолжи во Реал Мадрид, туку во ПСЖ

Фудбалскиот вундеркинд Килијан Мбапе кариерата нема да ја продолжи во Реал Мадрид туку во ПСЖ, тврди „Марка“.

Според истиот извор тој имал договор со Реал, но семејството одлучило дека за него е најдобро да остане во Франција и ќе се пресели во ПСЖ, екипа која минатат недела за 222 милиони евра го купи Нејмар.

Во француските медиуми се шпекулира дека екипата од престолнината на Монаку ќе му плати 160 милиони евра, плус 20 милиони евра низ разни бонуси.

Мбапе минатата сезона постигна 27 голови и имаше 17 асистенции на 59 натпревари за Монако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП