19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСолдадо го засили Фенербахче пред дуелот со Вардар

Солдадо го засили Фенербахче пред дуелот со Вардар

Поранешниот шпански репрезентативец Роберто Солдадо од Виљареал се пресели во Фенербахче, објави турскиот клуб.

Искусниот напаѓач, кој во кариерата играл и за Валенсија, односно Тотенхем, за сума од 5 милиони евра се пресели во Истанбул.

Солдадо изминатите две години го носеше дресот на „жолтата подморница“, но речиси во целост ја пропушти изминатата сезона поради тешката повреда на лигаментите во коленото.

Фенербахче за една недела ќе му гостува на Вардар во Скопје, во првиот плејоф-натпревар во Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП