19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради повреда Љуљ нема да настапи на ЕП

Поради повреда Љуљ нема да настапи на ЕП

Еден од клучните кошаркари на Шпанија, Серхио Љуљ, нема да биде во можност да настапи на Европското првенство поради повреда.

Плејмејкерот на Реал Мадрид доживеа тешка повреда на пријателскиот натпревар со Белгија, кој Шпанија го загуби со 71:89.

Љуљ на мечот со Белгија ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото поради што ќе паузира од шест до девет месеци.

„Ќе се вратам“, порачал на „Твитер“ играчот на Реал кога дознал колкава пауза го очекува.

Европското првенство ќе се одржи од 31 август до 17 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП