17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталија ја продолжи соработката со Вентура

Италија ја продолжи соработката со Вентура

Фудбалскиот сојуз на Италија го продолжи договорот со селекторот Џампјеро Вентура до 2020 година.

Вентура ја презеде селекторската функција минатото лето по завршувањето на Европското првенство од Антонио Конте. Првиот договор кој го потпиша имаше важност до завршувањето на Мундијалот во Русија.

Италија под палката на Вентура победи на седум од десетте натпревари, два одигра нерешено, а загуби само од Франција.

Вентура (69) пред да ја преземе репрезентацијата пет години беше тренер на Торино.

Италија на четири кола до крајот на квалификациите за СП во Русија, во групата во која е и Македонија, има 16 бодови и го дели првото место со Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП