18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМодриќ го пропушта мечот во Барселона

Модриќ го пропушта мечот во Барселона

Лука Модриќ, поради суспензија, ќе го пропушти првиот натпревар во Суперкупот на Шпанија, кој на програмата е в недела од 22 часот на „Камп Ноу“ во Барселона.

Модриќ во 2014 година во шпанскиот Суперкуп против Атлетико Мадрид беше исклучен поради два жолти картона, но бидејќи Реал тогаш последен пат играше во Суперкупот на Шпанија, Хрватот ја нема одработено суспензијата од еден натпревар.

Хрватот, кој синоќа во Скопје со Реал го освои УЕФА Суперкупот, ќе може да настапи во реваншот против Барселона кој ќе се одигра наредната среда во Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП