5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШест пехари за Зизу за нецели две години

Шест пехари за Зизу за нецели две години

Зинедин Зидан како играч се вброи меѓу легендите на Реал, а во краток временски период го стекна овој статус и како тренер на „кралскиот клуб“. Францускиот стратег синоќа во Скопје стана четвртиот најуспешен тренер во историјата на Реал.

Зидан го наследи Рафаел Бенитез на почетокот на 2016 година и за помалку од две години успеа да освои шест трофеи.

Зидан со Реал двапати победи во Лигата на шампионите и УЕФА Суперкупот, еднаш ја освои Примера и има еден трофеј од Светското првенство за клубови.

На вечната листа пред него е Винсенте дел Боске, кој има еден трофеј повеќе од Зидан, два трофеи повеќе има Луис Моловни, додека најтрофеен е Мигел Муњос, со 14 титули.

Зидан е единствениот тренер кој го одбранил пехарот во Суперкупот уште од Ариго Саки, кој го направи тоа со Милан пред 27 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП