23 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.03.2018

Дневен хороскоп 20.03.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате прилика да реализирате некои работи кои долго време сте ги планирале, особено доколку се потпрете на некоја соработка со странство. Вие ќе бидете особено привлечни за некои нови лица во вашата околина, доколку сте во врска избегнувајте го флертот со други лица.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку наидете на некој проблем побарајте помош од лицата родени во знакот на Бик или Рак. Уживајте во љубовта, која ви ја дава партнерот. Тоа ќе ви помогне да ги пребродите тешките моменти.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вие сте многу храбра личност, искористете го тоа на деловен план. Ризикот ќе ви се исплати. Морате да го потиснете вашиот материјализам. Саканото лице страда поради тоа.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можен е мал пад на концентрацијата. Не дозволувајте некои слабости да ве доведат до погрешни одлуки. Многу интересен и ведар период полн со љубов и разбирање. Уживајте во заедничките мигови со партнерот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Доколку сте незадоволни со ситуацијата на работа, креајно време е да покренете сопствен бизнис. Успехот е речиси загарантиран. Ве очекуваат ситни кавги кои лесно ќе ги надминете, па затоа не се грижете.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Брзо се разочарувате, бидејќи ги идеализирате соработниците. Меѓутоа, време е да прифатите дека никој не е совршен. Неопходно е да ги промените вашите навики. На партнерот се повеќе му пречи вашето однесување.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Можете да очекувате дека во оваа фаза ќе бидете окупирани со бројни деловни обврски и дека голем дел од времето ќе го поминете на работа. Доколку сте во брак или заедница со партнерот очекувајте разговори и планирања на тема семејство, деца. Оние кои се слободни ќе сретнат интересно помладо лице.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не им ја пренесувајте работата која ви е доделена на вас. Не се грижите за финансиите. Опуштете се при комуникацијата со лицата од спротивниот пол. Делувате премногу стегнато.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не се надевајте дека ќе добиете пари преку ноќ. Ќе морате напорно да работите за да остварите се што сте зацртале. Посветени сте му на партнерот и тој го гледа тоа. Но сепак не сте сигурни дека ви возвраќа со иста мера.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не се грижете ќе дојдат и вашите пет минути. Поседувате знаење кое им недостасува на другите. Страшно се плашите од измами. Чувствувате несигурност која може да ја уништи вашата врска.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Голема поврзаност со странство оваа недела, бидете внимателни при финансиските трансакции. Чувствувате длабоки емоции кон едно лице. Ве очекува интересна понуда од една Шкорпија.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате потреба секогаш да бидете најдобри. Потребата за докажување ќе ве одведе далеку, но може да ви донесе и непријатели. Внатрешните стравови полека ја преземаат контролата над вас. Пронајдете начин да се изборите со нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП