18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа натпреварот Вардар-Фенербахче билетите по цена од 40 до 50 евра

За натпреварот Вардар-Фенербахче билетите по цена од 40 до 50 евра

Фудбалскиот клуб Вардар, на својата интернет страница објави дека денес ќе започне со продажба на билетите за дуелот со Фенербахче во Лига Европа, кој на „Филип Втори“ се игра на 17.август.

Фенербахче е апсолутен фаворит во двомечот со Вардар, а според цената на билетите, македонскиот шампион на дуелот во Скопје ќе има поддршка од мал број на свои навивачи.

Имено цената на еден билет ќе се продава по цена од 2.000, 2.500 и 3.000 денари. Попуст од 50 отсто ќе имаат имателите на Вардар ПАС билети, оние гледачи кои биле на натпреварсо Копенхаген или Малме во ЛШ, и оние кои што ќе приложат билет од некој од минатосезонските натпревари на ФК Вардар,

Исто така интересна е одлуката на Вардар, Јужната трибина да биде резервирана за навивачите на Фенербахче.

„Поради големиот интерес и од безбедносни причини, јужната трибина на „Телеком Арената“ ќе биде резервирана за навивачи на Фенербахче. Навивачи на Вардар и неутрални гледачи, можат да купуваат билети само за западната и за северната трибина од стадионот“, стои во соопштението објавено на интернет страницата на Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП