6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛондон: Поради труење со храна неколку атлетичари се откажаа од учества во...

Лондон: Поради труење со храна неколку атлетичари се откажаа од учества во трки

Триесет лица, од кои повеќето атлетичари и членови на репрезентации, се заразени со стомачен вирус во еден лондонски хотел каде се сместени во текот на светското првенство.

Заводот за јавно здравје на Англија соопшти дека до сега кај две лице е потврдено труење со храна.

Репрезентативецот на Боцвана, Исак Маквала, денеска се откажа од финалната трка од 400 метри затоа што имал тегоби, иако на својот профил на Фејсбук претходно објави дека е подготвен да трча.

Макавала се пожалил дека се затрул со храна, а по него се огласија организаторите на првенството и објавија дека исти проблеми имале бројни судии, од кои повеќето престојуваат во службениот хотел на Светското првенство.

Во хотелот „Тауер“ во кој дошло до епидемијата се сместени и репрезентациите на Германија, Канада и Ирска, чиј атлетичар Томас Бар, поради труење, исто така, морал да се откаже од учество во првенството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП