4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗидан: Првото полувреме ни беше одлично

Зидан: Првото полувреме ни беше одлично

Зинедин Зидан ја продолжи трофејната низа како тренер на Реал Мадрид, откако пред два месеци ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, во Скопје успеа да го одбрани и трофејот во Суперкупот на УЕФА. Реал на „Филип Втори“ го совлада Манчестер Јунајтед со 2:1.

Зизу истакна дека натпреварот бил тежок, но неговите играчи успеале да го контролираат ритамот во најголемиот дел од натпреварот.

„Првото полувреме беше одлично, во второто имавме мал пад во играта, но кога се работи за финале тоа е нормално. Овој тим секогаш е „гладен“ за трофеи“, рече Зидан.

Тренерот на Реал на прес конференцијата не пропушти да им се заблагодари на македонските фанови за поддршката која клубот ја доби во изминатите два дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП