15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗлатни медали за Меклеод, Кипјегон и Рохас

Златни медали за Меклеод, Кипјегон и Рохас

Атлетичарот од Јамајка Омар Меклеод го освои златниот медал на трката на 110 метри со пречки на Светското првенство во Лондон.

Олимпискиот шампион од Рио де Жанеиро до светската титула дојде со време 13,04 секунди. Среброто го освои рускиот атлетичар, Сергеј Шубенков, кој во Лондон се натпреварува под неутрално знаме. Шубенков во целта влезе со резултат 13,14 секунди.

Бронзениот медал му припадна на Унгарецот Болаж Боји (13,28). Ова е прв медал за Унгарија на Мундијалите во тркачките дисциплини.

Кенијката Фејт Кипјегон, олимписка шампионка од Рио, во Лондон победи на трката на 1.500 метри. Кипјегов во финалето оствари резултат 4:02.59 минути, среброто и припадна на Американката Џенифер Симпсон (4:02.76 минути), а бронзата ја освои Кастер Семења од Јужна Африка (4:02.90).

Во финалето потфрли светската рекордерка Гензебе Дибаба, која заврши на последното место.

Јулимар Рохас е нова светска шампионка во трискок. Атлетичарката од Венецуела во финалето имаше најдолг скок 14,91 метри. Рохас за два сантиметри успеа да оствари подобар резултат од Колумбијката Катерина Ибаргуен која на претходните две светски првенства го освојуваше златниот медал.

Трета заврши олимписката шампионка од 2012 година Казахстанката Олга Рибакова (14,77).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП