15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради високите температури планирани паузи за освежување на играчите по 30 и...

Поради високите температури планирани паузи за освежување на играчите по 30 и 60 минути игра

Вечерва Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, на стадионот „Филип Втори“ ќе се борат за трофејот во Суперкупот на УЕФА. Поради високите температури, во Скопје, максималната дневна температура ќе достигне до 38 степени Целзиусови, планирани се паузи за освежување на играчите.

Топлотниот бран „Луцифер“ кој го погоди Балканот изминатите денови предизвика температури на воздухот од 40 степени Целзиусови, а слична е прогнозата и за денес.

Доколку температурата на воздухот на почетокот од натпреварот биде повисока од 32 степени тогаш според правилата на УЕФА се планирани две паузи за освежување на играчите по 30 и 60 минути игра.

На вчерашната прес конференција, менаџерот на Јунајтед Жозе Мурињо, рече дека условите за игра ќе бидат исти за двата тима, иако тој изминатите денови закажувал тренинзи во 16 часот, со намера играчите да се аклиматизираат на високите температури, но како што рече „во Манчестер во тој период секогаш имаше дожд“.

Од друга страна тренерот на Реал, Зинедин Зидан, не смета дека тоа што климата во Мадрид е слична со оваа во Скопје ќе биде предност за неговите фудбалери.

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид вчера одржаа лесни тренинзи.

Дуелот на „Филип Втори“ започнува во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП