1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити дава 20 милиони за Робен

Сити дава 20 милиони за Робен

Robben626

Англискиот Манчестер Сити му понудил 20 милиони евра на германскиот првак Баерн Минхен за  услугите на Ариен Робен. Иднината на Холанѓанецот кај „баварците“ во новата сезона изгледа неизвесна поради доведувањето на Марио Гетце од Борусија Дортмунд.

Според германските медиуми новиот тренер на Баерн Пеп Гвардиола не го сака Ариен Робен, а особено неговиот индивидуализам. Освен тоа Робен често има проблеми со повредите и паузира на голем број средби.

Шпанецот нема ништо против репрезентативецот на “лалињата” да го смени тимот во текот на летото. Раководството на Баерн одамна увери дека нема да се меша во работата на младиот стратег, па така е се поизвесно дека Холанѓанецот ќе си замине од Минхен.

Интересно е дека од финансиска гледна точка на Робен повеќе ќе му одговара да игра за Манчестер Сити, наместо за Баерн. На стадионот „Етихад“ Холанѓанецот не само што ќе добива повеќе пари, но ќе зема и целосна плата, иако е повреден. Според законите во Германија повреден фудбалер добива само процент од платата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП