18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: Пандев е најдобриот играч во македонската историја

Мурињо: Пандев е најдобриот играч во македонската историја

Горан Пандев е македонскиот амбасадор за Суперкупот на УЕФА, но тој нема да биде во Скопје, поради професионалните обврски во екипата на Џенова. Тренерот на Џенова Иван Јуриќ, нема да му дозволи на Пандев да дојде во Скопје.

Пандев играше под палка на Жозе Мурињо во Интер и беше еден од клучните играчи во походот на Лигата на шампионите.

Мурињо сега тренер на Манчестер Јунајтед на прес конференцијата пред утрешниот Суперкуп во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање околу (не)доаѓањето на Пандев рече.

„Не сакам да бидам во позиција во која што е мојот колега во Џенова. Тој би можел да каже дека не е моја работа да коментирам. Единствено можам да кажам дека Горан е најдобриот играч во македонската историја. Тој е звучно име тука. Приватен авион може да направи чуда. Пандев може да дојде само за натпреварот и да си замине оттука“, рече Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП