Американскиот производител на автомобилите Тесла ќе се задолжи 1,5 милијарди долари заради зголемување на производството на електричниот автомобил „Mодел 3“.
Компанијата денеска соопшти дека планира да понуди повластени обврзници во вредност од 1,5 милијарди долари кои доспеваат во 2025 година.
Извршниот директор Илон Маск минатата недела изјави дека инвеститорите не треба да бидат загрижени дали Тесла следната година ќе може да произведува по 100.000 „Mодел 3“ автомобили неделно.
Маск ги загрижи инвеститорите кога предупреди дека Тесла ќе влезе во „производствен пекол“ кој ќе трае најмалку 6 месеци, за да ја исполни целта до декември да произведува по 5.000 „Mодел 3“ автомобили неделно.