17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗизу не ја открива тактиката против Јунајтед, особено за настапот на Роналдо

Зизу не ја открива тактиката против Јунајтед, особено за настапот на Роналдо

Зинедин Зидан, играчката, а сега и тренерската легенда на Реал Мадрид вчера ја одработи прес конфренцијата на стадионот „Филип Втори“. Реал на Зидан, вечер ќе се бори за Суперкуп трофејот против Манчестер Јунајтед.

На пресот Зидан, најмногу одговараше на прашања поврзани до Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Португалецот пред два дена се врати од годишниот одмор, а Велшанецот се тема на шпекулации дека ќе замине од Реал.

„Роналдо е подготвен како на денот на финалето, а тоа беше пред два месеци. Одлуката дали тој ќе игра или не јас сам ќе ја донесам, ќе разговарам со него тоа секогаш тоа го правам. Бејл добро работи, лани немаше многу среќа, последните четири месеци од сезоната беше повреден, но сега се чувствува добро. Во однос на Бејл. Луѓето малку сакаат да ги „напумпаат“ приказните, да прикажат нешто што не е реално“, рече Зидан.

Тренерот на Реал не сакаше да ја открие тактиката со која ќе се обиде да слави против Јунајтед, но не исклучи дека тимот можеби ќе игра во ткн ромб формација 4-4-2.

„Важно е дека имам играчи кои можат да играат на повеќе позициите. Утре главната битка нема да се води на среднината на теренот. Ќе ја подготвиме играта на наш начин како и секогаш. Знаеме многу за нашиот противник, но важно е што ќе направиме ние“, дополни Зизу.

Според тренерот на Реал, температурата на воздухот, која е слична со онаа во Мадрид, нема да преставува некој посебна предност за неговите играчи.

Зидан со Реал вечерва ќе се обиде да го освои четвртиот Суперкуп во клупската историја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП