23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтефан Ристовски го официјализираше трансферот во Спортинг

Стефан Ристовски го официјализираше трансферот во Спортинг

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го официјализираше трансферот во еден од великаните на португалскиот фудбал, Спортинг од Лисабон.

Спортинг потврди дека десниот бек на македонската репрезентација во наредните пет години ќе го носи „зелено-белиот“ дрес.

Ристовски изминатите две години ги мина во Риека и беше еден од најзалужните за освојувањето на шампионската титула.

Десниот бек за македонската репрезентација има одиграно 33 натпревари, а неодамна против Шпанија го постигна дебитанскиот гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП