
По едночасовно доцнење тимот на Манчестер јунајтед пристигна во ТЦЦ Гранд Плаза. Пред хотелот имаше силно полициско обезбедување и поставена ограда на стотина метри од влезот зад која беа наредени бројни новинарски екипи и стотина фанови на „црвените ѓаволи“.

