Кристијано Роналдо денеска доаѓа во Скопје. Тој се најде во составот на Реал Мадрид за натпреварот со Манчестер јунајтед во Суперкупот на УЕФА, кој се игра утре. Тренерот на Реал Мадрид пред малку го објави комплетниот список на играчи: Навас, Касилја, Лука, Карвахал, Валјехо, Рамос, Варан, Начо, Марсело, Тео, Ашраф, Крос, Модриќ, Касемиро, Љоренте, Асенсио, Иско, Ковачиќ, Себалјос, Роналдо, Бејл, Васкес, Мајорал.
Доаѓањето на Кристијано Роналдо беше неизвесно за Суперкупот бидејќи одржа само еден заеднички тренинг со соиграчите откако доби продолжен одмор поради настапот со Португалија на Купот на конфедерациите. Според шпанските медиуми, тој, најверојатно, нема да биде во стартната постава на Реал и тренерот Зинедин Зидан ќе го чува португалскиот фудбалер за дуелот со Барселона во шпанскиот Суперкуп. Реал Мадрид треба да пристигне во Скопје околу 13.30 часот, а половина час претходно е пристигнувањето на Манчестер јунајтед.