5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејвис купот ќе се игра по старо

Дејвис купот ќе се игра по старо

Мечевите во машки сингл, во рамките на Дејвис купот и во иднина ќе се играат во три добиени сетови, соопшти Меѓународната тениска федерација (ИТФ).

Членките на ИТФ на годишното Собрание, кое се одржа во Хо Ши Мин, го одбија предлогот во иднина сингл мечевите во машка конкуренција да се играат во два добиени сета.

Предлогот бил поддржан од 63,54 отсто од земјите членки, но не помина бидејќи немал двотретинско мнозинство.

Претседателот на ИТФ, Дејвид Хегерти, рекол дека е разочаран од резултатот на гласањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП