18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Вардар против Фенербахче, Шкендија го доби Милан

ЛЕ: Вардар против Фенербахче, Шкендија го доби Милан

Македонските претставници во Лига Европа, Вардар и Шкендија, на денешната ждрепка во Нион добија атрактивни, но исклучително тешки противници. Фенербахче, односно Милан, се ривалите на Вардар и Шкендија.

Двата клуба (Фенербахче и Милан), кои имаат многубројни свои симпатизери во Македонија, ќе се соочат со Вардар, односно Шкендија, во плејофот за пласман во главната фаза во Лига Европа.

Според денешната ждрепка, Вардар и Шкендија ќе бидат домаќини во првите натпревари.

Првите натпревари ќе се одиграат на 17 август, а реваншите се на програмата на 24 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП