21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Лондон започува Светското првенство во Атлетика

Во Лондон започува Светското првенство во Атлетика

Вечерва во Лондон ќе започне Светското првенство во Атлетика, кое, според многумина, треба да биде едно од највозбудливите во последните две децении.

Мундијалот во Атлетика ќе се одржи на стадионот кој е изграден за потребите на Олимписките игри во 2012 година, но оттогаш има претрпено големи измени и сега е еден од најмодерните комплекси во светот, со капацитет од 60.000 седишта.

Јавноста и фановите на ова СП ќе бидат фокусирани на двајца исклучителни атлетичари кои оставија длабока трага во овој спорт, Јусеин Болт, според многумина најголемиот атлетичар во историјата, и Мо Фарах.

Шампионатот кој започнува денес ќе трае до 13 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП