9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИхеначо потпиша со Лестер

Ихеначо потпиша со Лестер

Досегашниот напаѓач на Манчестер сити, Келечи Ихеначо, потпиша договор со Лестер. Ихеначо потпиша петгодишен договор со „лисиците“.

Поради недоволната минутажа што ја добиваше од Пеп Гвардиола, нигерискиот репрезентативец реши да го напушти Манчестер сити и во трансфер тежок 30 милиони фунти се пресели во Лестер.

Минатата сезона беше во почетниот состав на Сити на само девет натпревари.

За селекцијата на Нигерија овој напаѓач има одиграно десет натпревари, на кои постигна шест гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП