8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Копенхаген го извлече Карабаг

ЛШ: Копенхаген го извлече Карабаг

Во седиштето на УЕФА, во Нион, се извлечени десетте натпреварувачки двојки во плејоф-фазата во Лигата на шампионите.

Копенхаген, кој во средата го елиминира Вардар, има реални шанси и оваа сезона да игра во фазата по групи бидејќи за противник го доби шампионот на Азербејџан, Карабаг.

Тешка задача за влез во Лигата на шампионите против Олимпијакос има хрватскиот првак Риека, а шампионот на Словенија, Марибор, во плејофот го извлече Хапоел.

ЛШ: Плејоф двојки

Карабаг (Азербејџан)-Копенхаген (Данска)
АПОЕЛ (Кипар)-Славија Прага (Чешка)
Олимпијакос (Грција)-Риека (Хрватска)
Селтик (Шкотска)-Астана (Казахстан)
Хапоел Бер Шива (Израел)-Марибор (Словенија)

Башакшехир (Турција)-Севилја (Шпанија)
Јанг Бојс (Швајцарија)-ЦСКА Москва (Русија)
Наполи (Италија)-Ница (Франција)
Хофенхајм (Германија)-Ливерпул (Англија)
Спортинг Лисабон (Португалија)-Клуб ФЦСБ (Романија)

Првите натпревари ќе се одиграат на 15 август, а реваншите се на програмата на 22 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП