3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃорѓе Дреновац се сели во Мителдојчер

Ѓорѓе Дреновац се сели во Мителдојчер

Српскиот кошаркарски интернационалец, Ѓорѓе Дреновац, по две сезони минати во таборот на МЗТ Скопје Аеродром, кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата во тимот на Мителдојчер, објави македонскиот кошаркарски шампион на својата интернет-страница.

Мителдојчер е нов член на Бундеслигата, а Србинот ќе се обиде да продолжи да игра во ист стил како и во сино-белиот дрес во кој дојде до две шампионски титули по ред.

Договорот на Дреновац со аеродромци истече по завршувањето на минатата сезона и тој без проблеми може да биде регистриран за Мителдојчер.

Управата на МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува за сѐ што даде настапувајќи за нашиот клуб и му посакува многу успех во продолжение од кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП