Ерсан Иљасова соопшти дека нема да биде дел од турската кошаркарска репрезентација на претстојното Европско првенство.
„Од 2006 година со гордост го носев дресот на националниот тим. Заедно со соиграчите постигнав многу успеси. Меѓутоа, зад мене е тешка сезона исполнета со неизвесност. Не сум во позиција физички и психички да му помогнам на тимот“, напишал Иљасова на својот профил на „Инстаграм“.
Тој изминативе месеци, заедно со челниците на Турскиот кошаркарски сојуз, ја разгледувал можноста да го пропушти Европското првенство.
„Ова лето, за жал, нема да играм за Турција“, пишува кошаркарот на Атланта Хокс.
Турција на ЕП, кое се игра од 31 август до 17 септември, ќе биде домаќин на групата Д, во која уште се и селекциите на Србија, Летонија, Велика Британија, Русија и на Белгија.