6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Познати потенцијалните противници на Вардар и Шкендија

ЛЕ: Познати потенцијалните противници на Вардар и Шкендија

Европската фудбалска унија (УЕФА), во пресрет на ждрепката за плеј-офот во Лига Европа. направи подгрупи и на тој начин го намали бројот на потенцијалните ривали на македонските претставници Вардар и Шкендија.

УЕФА ги подели 44-те екипи кои ќе партиципираат на ждрепката во четири групи, а секоја група има носители и неносители. Македонските тимови се во групата на неносители, Шкендија е во првата, а Вардар во третата група.

Потенцијални ривали на Шкендија се Милан (Италија), Динамо Киев (Украина), Краснодар (Русија), Клуб Бриж (Белгија) и Австрија Виена (Австрија).

Вардар, во плеј-офот, може да се сретне со некој од овие тимови: Ајакс (Холандија), Фенербахче (Турција), Лудогорец (Бугарија), БАТЕ Борисов (Белорусија), Динамо Загреб (Хрватска), Макаби Тел Авив (Израел).

Извлекувањето на двојките за плеј-офот во Лига Европа ќе почне во 13 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП