18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилен скок на профитот и продажбата на Adidas

Силен скок на профитот и продажбата на Adidas

Германскиот производител на спортски стока „Adidas“ денеска соопшти дека ја зголемува прогнозата за годишни резултати, откако забележа скок на продажбата и профитот за вториот квартал благодарение на силна побарувачката за производите на компанијата.

Добивката пред камати и оданочување (EBIT) се зголеми за 18% до 505 милиони евра за периодот април-јуни во однос на истиот период една година порано, соопшти баварската компанија.

Продажбата во вториот квартал се зголеми за 20 отсто до 5,04 милијарди евра во споредба со 4,20 милијарди евра пред една година благодарение на силна побарувачката на облека и обувки за трчање на компанијата, како и брендовите „Adidas Originals“ и „Neo“.

Компанијата сега очекува за целата година продажбата со известување на девизните флуктуации да нараснат со 17 до 19 проценти во однос на 12 до 14 проценти кај претходната прогноза.

Профитот на групата се очекува да се зголеми со меѓу 26 и 28 проценти, посочи Adidas. Во март прогнозата беше за зголемување меѓу 13 и 15 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП