20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар потпиша со ПСЖ

Нејмар потпиша со ПСЖ

Фудбалскиот клуб ПСЖ на својата интернет страница објави дека потпишал договор со Нејмар. Бразилецот со овој трансфер стана најскапиот играч во историјата на фудбалот, бидејќи ПСЖ ја плати откупната клаузула од 222 милиони евра.

Клубот објави дека Нејмар, во присуство на своите адвокати, потпишал петгодишен договор што значи дека на „Паркот на Принцовите“ ќе остане до јуни 2022 година.

Целиот трансфер, со платата, бонусите, даноците и откупната клаузула ќе изнесува 611 милиони евра. Од оваа сума 300 милиони отпаѓа на обесштетувањето со платен данок, а остатокот на бруто платата, која без данок изнесува 55 милиони евра. Кога ќе се одбијат даноците Нејмар годишно ќе има приход од плата 30 милиони евра.

„Пресреќен сум што дојдов во ПСЖ. Кога доаѓав во Европа овој клуб беше еден од најкомпететивните и најамбициозните. Мотивација ќе ми биде да ги освојуваме трофеите кои ги сакаат навивачите. Ме привлече амбицијата на ПСЖ, заедно со страста која клубот ја поседува. Играв четири години во Европа и мислам дека дојде време за нов предизвик. Ќе сторам се за да им помогнам на соиграчите, на му овозможам на клубот да отвори нови хоризонти и да им донесам радост на милионите навивачи ширум светот“, изјавил Нејмар за официјалната страна на ПСЖ.

Бразилецот, најверојатно в петок, ќе ја има официјалната промоција во новиот клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП