26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШкендија ќе игра плејоф во Лига Европа (видео)

Шкендија ќе игра плејоф во Лига Европа (видео)

Фудбалерите на Шкендија изборија пласман во плејофот, во Лига Европа, откако убедливо славеа во реваншот против Тракаи. Првиот меч во Литванија, Шкендија го загуби со 2:1, но во реваншот во Струмица победи со 3:0 и со вкупен резултат 4:2 се пласира во плејофот.

Шкендија, во реваншот, кој се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, целосно го надигра литванскиот тим и заслужено, втора година по ред стигна до плејофот во Лига Европа.

Двајцата најдобри играчи во редовите на Шкендија беа стрелци на головите. Бесарт Ибраими го отвори резултатот во 29.минута, Ферхан Хасани во 42.минута ја удвои предноста, а истиот играч на две минути до крајот на мечот стави точка на натпреварот.

Шкендија, заедно со Вардар, утре ќе го дознае името на противникот со кој ќе се соочи во плејофот во Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП