3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерафан две години во Барселона

Серафан две години во Барселона

Францускиот репрезентативен центар Кевин Серафан кариерата ќе ја продолжи во Барселона, со која, според шпанските медиуми, ќе потпише двегодишен договор.

Серафан изминатите седум сезони играше во НБА лигата, каде во просек по натпревар имал ефект од 5,9 поени и 3,5 скока настапувајќи за Вашингтон, Њујорк и Индијана.

Кариерата Серафан ја почнал во Шоле, а во НБА лигата замина откако беше избран како 17. пик на драфтот во 2010. За време на локаутот во 2011 година извесен период настапуваше за Басконија.

Серафан е третиот Французин кој во преодниот рок ја засили кошаркарската секција на Барселона, откако претходно договори потпишаа Томас Ертел (Ефес) и Адријен Моерман (Дарушафака).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП