
Поранешниот шпански репрезентативец Алваро Негредо од Премиерлигата се сели во првенството на Турција, во редовите на шампионот Бешикташ.


Поранешниот шпански репрезентативец Алваро Негредо од Премиерлигата се сели во првенството на Турција, во редовите на шампионот Бешикташ.
Негредо е играч на Валенсија, кој минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во Мидлсброу.
Бешикташ за неговите услуги на Валенсија ѝ плати сума од 2,5 милиона евра.
Тој е второто големо засилување за „црно-белите“ од Истанбул откако уште на почетокот од преодниот рок во клубот пристигна Португалецот Пепе од мадридски Реал.
Негредо во кариерата играл за Алмерија, Реал, Севилја и Манчестер сити, тој со Шпанија стана европски првак во 2012 година.