12 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо ПСЖ секоја минута Нејмар ќе заработува по 85 евра

Во ПСЖ секоја минута Нејмар ќе заработува по 85 евра

Нејмар во моментот е единствениот фудбалер во светот кој повеќе заработува од спонзорските договори. Од „Најки“, „Жилет“, „Панасоник“ и од „Битс“ годишно тој има приход од 40 милиони евра.

Кога ќе го официјализира трансферот во ПСЖ, тој ќе стане најплатениот светски фудбалер, ќе го надмине Карлос Тевез кој во Кина има неделна плата од 690.000 евра, а зад него ќе бидат и Лионел Меси (560.000), односно Кристијано Роналдо (407.000).

Нејмар во средата им соопшти на соиграчите од Барселона дека сака да го напушти клубот и дека добил дозвола од челниците да го направи тоа.

Во меѓувреме шпанската Ла Лига најави дека ќе поведе постапка против ПСЖ поради кршењето на правилото за финансиски фер плеј.

Капитенот на бразилската репрезентација во Барселона пристигна во 2013 година од Сантос за сума од 55 милиони евра. Подоцна, кога беше спроведена истрага и заврши судењето, беше објавено дека заедно со разни клаузули, бонуси и провизии за татко му, трансферот изнесувал 80 милиони евра.

Нејмар за Барса одиграл 186 натпревари и постигнал 105 гола. Со Каталонците двапати ја освои Ла Лига, трипати Купот на кралот, а по еднаш се радувал на пехарите во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП