30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар ќе се пресели во Баерн

Нејмар ќе се пресели во Баерн

Guardiola_Neymar__5x4_Diashow

Новиот шампион на Германија Баерн Минхен веќе потпишал пред договор со големата ѕвезда на латиноамериканскиот фудбал – Нејмар!

Веста ја соопшти поранешниот потпретседател на Сантош Висенте Каскионе. Според него Нејмар има потпишано прелиминарен договор со Баерн и ќе се приклучи на новиот тим во август.

„Нејмар има потпишано договор со Баерн. Тој нема да игра во Реал или Барса, како што пишуваат весниците, затоа што ќе оди во Германија. Од август оваа година тој ќе биде во сопственост на тимот од Минхен. Ова не е гласина или шпекулација, а секој кој не верува, може да почека до август и сам да се увери “, тврди поранешниот потпретседател на бразилскиот клуб.

Како што е познато пред неколку недели од Баерн потврдија дека во клубот во новата сезона ќе настапува најголемата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Марио Гетце. За услугите на германскиот репрезентативец „баварците“ платија 37.5 милиони евра.

Истата сума, а може и многу повеќе Баерн ќе треба да ја плати и за Нејмар, нормално доколку зборовите на Каскионе бидат точни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП