10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши турнејата на Реал во САД (видео)

Заврши турнејата на Реал во САД (видео)

Европскиот првак Реал Мадрид изминатата ноќ ја заврши подготвителната турнеја во САД. Реал славеше на пенали во дуелот со ол стар тимот на американската МЛС лига.

Зинедин Зидан на теренот од почетокот имаше тим составен од млади шпански играчи, кои ги предводеше капитенот Серхио Рамос. Во последните половина час Зидан им даде шанса на оние кои најчесто се стартери, а единствен кој не влезе во игра беше Модриќ.

За тимот на МЛС лигата меѓу другите настапија Швајнштајгер, Кака, Џовинко, Хауард, Давид Виља.

Реал прв постигна гол, и тоа преку Мајорал, во 60. минута. Тимот на МЛС израми во претпоследната минута преку Двајер.

Во пенал серијата за Реал беа сигурни сите изведувачи: Бензема, Бејл, Ковачиќ и Марселона, додека синот на Зидан, Лука му го одбрани ударот на Двајер, а Дос Сантос го погоди дирекот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП