Фудбалерите на Атлетико Мадрид го освоија трофејот на „Ауди купот“, кој изминатите два дена се играше во Минхен.
Атлетико во финалето, по изведувањето на пенали, го победи Ливерпул со 5:4. Натпреварот во 90 минути заврши со резултат 1:1.
Кеиди Баре му донесе предност на Атлетико во 33.минута, а резултатот го израмни Фирмино од пенал во 83.минута.
Единствен кој не успеа да реализира во пенал серијата беше капитенот на Ливерпул Хендерсон. Неговиот удар во втората серија го одбрани голманот Моја.
Претходно Атлетико до финалето стигна со победата над Наполи од 2:1, додека Ливерпул го победи домаќинот Баерн со 3:0.
Третото место им припадна на фудбалерите на Наполи, кој со головите на Кулибали и Џакерини го совладаа Баерн со 2:0.