3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрај на професионалната кариера на Антонис Фоцис

Крај на професионалната кариера на Антонис Фоцис

Грчкиот кошаркар Антонис Фоцис објави дека става крај на професионалната кариера, но дека нема во целост да ја напушти кошарката.

„Почнав со 16 години во Панатинаикос и на паркетот минав 20 години. Го сакав зелениот дрес, никогаш не го продадов, ниту го скрив. Имав среќа да играм во НБА-лигата и во други големи екипи во Европа. Приватно, станав татко и тоа чувство е неспоредливо“, рекол Фоцис.

Тој во Панатинаикос играше 12 сезони, освои три титули во Евролигата (2000, 2009, 2011), 10 во првенството на Грција и шест во Купот. Две сезони играше во мадридски Реал и во 2005 ја освои титулата во Шпанија.

„Многу размислував и решив да ја завршам кариерата. Бидејќи не можев да се пензионирам како играч на Панатинаикос, не сакам да продолжам професионално да играм во некој друг грчки или европски клуб“, рекол 36-годишниот Фоцис.

„Ќе продолжам да играм на аматерско ниво, одлучив оваа година да играм во Илисијакос, тоа е мојот прв тим, поврзан е со моето минато и мојот татко“, дополнил Фоцис.

Антонис Фоцис со репрезентација на Грција има освоено европско злато (2005) и бронза (2009) и светско сребро (2006).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП