22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавитков: Ова беше нашата најслаба партија од кога дојдов јас

Давитков: Ова беше нашата најслаба партија од кога дојдов јас

Кошаркарската репрезентација со пораз од Косово (72:68) стартуваше во претквалификациите за пласман во квалификациите за Светското првенство во 2019 година.

Лошата игра во првото полувреме, во која постигнаа само 20, а примија 40 поени, ги однесе македонските кошаркари до пораз.

Вториот дел избраниците на Јорданчо Давитков го одиграа на повисоко ниво, на 27 секунди до крајот стигнаа до два поена негатива, но не успеаја са направат целосен пресврт.

„Беше тежок натпревар. Мислам дека одигравме најслабо откако го преземав кормилото на репрезентацијата. Косово ја имаше контролата уште во првиот период, постигнаа многу поени, најмногу од рекетот каде беа доминантни, па затоа разликата на крајот од првото полувреме беше 20 поени. Знаевме дека Дардан Бериша е оружјето на Косово, тој е вистински лидер и одличен играч. Во вториот дел одигравме многу подобро, но беше тешко да се вратиме од 20 поени негатива во таква атмосфера. Косово имаше непоколеблива поддршка од навивачите. Сè беше совршено во однос на организацијата, безбедносни и други технички делови во овој натпревар“, ја пренесува изјавата на селекторот Давитков интернет страницата на Македонската кошаркарска федерација.

До крајот на претквалификацискиот циклус Македонија ќе одигра уште три средби, првата од нив на програмата е в сабота, кога во Скопје ќе гостува Естонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП