24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Риека го елиминираше Салцбург, Ница беше подобра од Ајакс (видео)

ЛШ: Риека го елиминираше Салцбург, Ница беше подобра од Ајакс (видео)

Риека го елиминира Салцбург во третото претколо во Лигата на шампионите. Хрватскиот првак го мина шампионот на Австрија благодарение на голот што го постигна на гостински терен. Првиот меч во Австрија заврши 1:1, а во Риека немаше голови.

Риека го постигна најголемиот успех во историјата на клубот, успеа да го елиминира Салцбург и се пласира во плеј-офот за Лигата на шампионите. Доколку не успее во последниот филтер, хрватскиот првак ќе игра во фазата по групи во Лига Европа.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, додека поранешниот репрезентативец на Македонија Леонид Жута натпреварот го следеше од клупата за резерви и не доби шанса да влезе во игра.

Поради гол повеќе постигнат на гостински терен, плеј-оф избори и Ница, чиј напад го предводи Марио Балотели. По 1:1 на првиот меч во Франција, Ница во Амстердам против Ајакс одигра 2:2.

Ница поведе во третата минута преку Сука, а на 1:1 израмни Ван де Бек во 26.минута. Ајакс пресврт направи со голот на Санчес во 57. минута, а конечните 2:2 ги постави Марсел на 11 минути до истекот на мечот.

Легија ја совлада Астана со 1:0, но понатаму оди казахстанскиот шампион поради победата 3:1 во првиот меч.

Селтик со голот на Форест во 69. минута славеше во Норвешка, кај Розенборг, што му беше доволно на шкотскиот тим да избори пласман во четвртото претколо.

Пласман во плеј-офот изборија: Славија Прага, ЦСКА Москва, АПОЕЛ, Башакшехир, Копенхаген, Јанг Бојс, ФЦСБ, Марибор, Хапоел Бер Шива, Ница, Астана, Риека, Селтик, Карабаг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП