17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена звезда го ангажираше Фелдин

Црвена звезда го ангажираше Фелдин

Американецот Џејмс Фелдин е петтото засилување за кошаркарскиот клуб Црвена звезда во преодниот рок.

Фелдин (29) во Белград пристигна од грчки Панатинаикос, а со актуелниот шампион на Србија и АБА лигата, потпиша двегодишен договор.

Американецот од 2010 година игра во Европа, а покрај за Панатинаикос има играно и за Брегоан, Фуенлабрада и Канту.

Минатата сезона, во Евролигата, имал просек од 6,7 поени, 2 аситенции и 1,6 скока по натпревар.

Црвена звезда подготвките за новата сезона ќе ги започнат на 7.август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП