20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар казнет од УЕФА со 55.000 евра

Вардар казнет од УЕФА со 55.000 евра

Европската фудбалска унија (УЕФА) парично со 55.000 евра го казни фудбалскиот клуб Вардар поради пропусти во организацијата на реванш натпреварот со Малме, кој се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.

Вардар, реваншот од второто претколо во Лигата на шампионите, против Малме го одигра во Струмица и со победата од 3:1 избори пласман во наредната рунда, но пропустите во организацијата ја „олеснија“ касата на македонскиот првак за 55.000 евра.

Вардар е казнет поради фрлање предмети на теренот, неспортското однесување на навивачите како и поради користење на пиротехника.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП