3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДринквотер е потенцијална замена на Матиќ во Челзи?

Дринквотер е потенцијална замена на Матиќ во Челзи?

Менаџерот на Челси, Антонио Конте, во потрага е по играч што ќе го пополни местото во тимот кое е испразнето по заминувањето на Немања Матиќ во Манчестер јунајтед.

Српскиот репрезентативец побара трансфер откако на „Стенфорд Бриџ“ пристигна Теимуе Бакајоко од Монако, но Конте смета дека на таа позиција му е потребен уште еден фудбалер.

Желба на менаџерот на „сините“ е фудбалерот на Лестер, Дени Дринквотер, пишува во вторникот „Скај спорт“.

Дринквотер е репрезентативец на Англија и еден од клучните фудбалери во сезоната 2015/2016 кога Лестер ја освои титулата во Премиерлигата.

Покрај Дринквотер, потенцијална цел на Челси се Алекс Окслејд-Чембрлен (Арсенал) и Рос Баркли (Евертон).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП