18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПортугалецот тврди дека никогаш не затаил данок

Португалецот тврди дека никогаш не затаил данок

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, ги отфрли обвинувањата дека затајувал данок и порача дека е невин и дека никогаш ништо не скрил од шпанските власти.

Кристијано Роналдо во понеделникот даде исказ во судот во Мадрид по повод обвиненијата дека на британските Девствени Острови скрил 14,7 милиони евра приход од продажбата на фотографиите со неговиот лик.

„Шпанските даночни власти ги знаат деталите за моите приходи бидејќи јас сè им открив. Никогаш ништо не сум скрил, ниту имав намера да не плаќам данок“, објави Португалецот.

Тој дополнува дека сите што го познаваат знаат дека од своите соработници бара сите давачки навреме да бидат намирени бидејќи не сака да има проблем со државата.

„Кога потпишав за Реал, формирав специјален тим за управување со правата од продажбата на фотографиите со мојот лик. Сакав да го задржам истиот принцип што го имав во Англија. Адвокатите што ми ги препорача Јунајтед ја основаа фирмата во 2004 година, значи многу пред јас да дојдам во Шпанија. Таква структура е нормална во Англија и е прифатена од тамошниот даночен систем“, објави Кристијано Роналдо.

Инаку, во понеделникот изјава од него пред судот чекаа околу 150 новинари, но тој на рочиштето, кое беше затворено за јавноста, влезе и излезе од задниот влез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП