9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона понуди 100 милиони евра за Фелипе Кутињо, Ливерпул ги одби

Барселона понуди 100 милиони евра за Фелипе Кутињо, Ливерпул ги одби

Барселона понуди 100 милиони евра за Фелипе Кутињо, иако претходно Ливерпул објави дека цента на Бразилецот изнесува 150 милиони евра, а менаџерот Јирген Клоп, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека играчот не е на продажба.

Информацијата дека Каталонците понудиле 100 милиони евра за Кутињо на својот профил на „Твитер“ ја објави Мухамед Бухафси, новинар на радиото „Монте Карло“.

„Барселона најпрвин понуди 80 милиони евра, оваа сума Ливерпул ја одби без размислување. Потоа Барселона го зголеми влогот и покрај јасните изјави од Ливерпул дека нема да го пуштат Бразилецот“.

Бидејќи извесно е дека Нејмар ќе замине во ПСЖ, може да се очекува дека Барселона ќе се согласи да ги плати бараните 150 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП